Во СДСМ стигнале 560 градоначалнички кандидатури

by fokus

На овие избори СДСМ ја прави најголемата, најразнолика, најмодерна коалиција која што се надоврзува на она што го направивме во 2020 преку коалицијата „Можеме” порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на трибината во Охрид.

-Ќе продолжиме со средбите, со контактите со граѓаните, во следните 20 дена ќе ја посетиме секоја куќа, ќе разговараме со секој граѓанин, ќе ги прашаме за нивните приоритети, за она што треба да влезе во нашата програма во нашата кадровска понуда – посочи Николовски.

Тој истакна дека големиот интерес и број на поднесени кандидатури за градоначалници и советници говори дека СДСМ е фаворит на овие избори.

-Наскоро завршува рокот за кандидатурите, досега имаме над 560 кандидати за градоначалници и над 5.000 кандидати за советници. СДСМ е отворена демократска партија која дава шанса за секој. Објавивме оглас за кандидат за градоначалник каде нема услов да бидете член на СДСМ – рече Николовски.

Поврзани новости