Могерини планира утре во Скопје да се сретне со новиот собраниски спикер

by fokus

Високиот претсавник за надворешна политика и безбедност на Европската Унија, Федерика Могерини, при утрешната посетеа во Скопје очекува да биде избран нов претседател на Собранието на Македонија. Овие зборови се буквално впишани во нејзината агенда која што попладнево беше испратена од страна на Европската служба за дописници во странство, јави Нова.

Од 18 до 19 часот средба со политичките лидери во парламентот на која ќе и претходи протоколарна средба со собранискиот спикер (се уште не е избран, но се очекува да биде избран до времето на оваа посета), пишува во агендата на Могерини.

Средба со претседателот Ѓорге Иванов е закажана во 16,30 , а во парламентот, Могерини ќе се сретне со претставници на цивилниот сектор во просториите на Делегацијата на ЕУ во Скопје, пишува порталот Нова.

Могерини доаѓа во Македонија во рамки на нејзината балканска турнеја која почна во Црна Гора, а ќе продолжи и во Србија, Албанија, Косово и Босна Херцеговина.

Поврзани новости