Ахмети на средба со Заев

by fokus

Али Ахмети, лидерот на ДУИ во моментов е на средба со Зоран Заев, лидерот на СДСМ во седиштето на социјалдемократите.

Средбата не беше најавена претходно, но следува откако денеска не се реализира најавата и очекувањето Иванов да го додели мандатот на партијата која обезбеди мнозинство, односно на лидерот Заев кој пред два дена му достави на претседателот 67 потписи.

Во тој контекст, попладнево кабинетот на Иванов, соопшти дека претседателот ќе им се обрати на граѓаните во 16,30 часот.

Поврзани новости