Младите да не ги кријат контактите, порачаа од ЦЈЗ Кавадарци

by fokus

Девојка на возраст од 16 години е денешниот регистириран позитивен Ковид-19 случај во Кавадарци, информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Појаснуваат дека девојката имала симптоми, по што и бил земен брис. Од каде се инфицирала, не знаела, и останува на домашно лекување.

-Речиси сите помлади лица во Кавадарци кои се инфицираа, не кажуваат контакти, кријат од каде се заразиле. Со тоа уште повеќе ни се отежнува работата. Не ги откриваат податоците, каде шетале, со кого се дружеле, на штета на целата заедница. Вирусот не смее да биде табу, и во интерес на сите е да се даваат точни податоци – велат од центарот.

Во Кавадарци од почетокот на епидемијата се инфицираа 191 лице. Пред околу два месеци, вирусот најмногу удри по младите, и претежно заболуваа тинејџери, а многу од нив го пренесоа и на своите блиски. Најмладиот пациент позитивен на корона вирус од градот беше на возраст од шест години.

Вики Клинчарова

Поврзани новости