ТИ: Докторите и полицијата најкорумпирани

by fokus

Македонците најчесто даваат поткуп за да дојдат до одредена здравствена услуга или за сообраќаен прекршок. Ова го покажува лобалниот барометар на корупција кој се спроведува во 42 земји.

Една третина од испитаниците во Македонија кои одговарале за Барометарот на глобалната корупција за 2016 година, сметаат дека корупцијата е еден од трите најзначајни проблеми со кои се соочува државата.

Поразителен е податокот што речиси 40 отсто од граѓаните сметаат оти ништо не може да се направи во борбата против корупцијата и затоа не пријавуваат.

Образложувајќи го Глобалниот барометар на Транспаренси Интернешнл за корупција, Слаѓана Тасева од ТИ-Македонија пак, потенцираше дека во Македонија посебно е присутна политичката корупција, особено при финансирањето на партиите.

– Политичката корупција е постојано присутна. Во формите во кои таа најчесто се јавува за време на избори, е во финансирањето на изборните кампањи, каде што постојано практика е финансирањето на кампањите да се спроведува преку поединци или компании кои после изборите сакаат да имаат влијание или учество во начинот на кој ќе се водат политиките. Помоќните овде предвремено инвестираат, изјави Тасева.

Според неа ова се случува бидејќи недостасува транспарентен систем за да се знае кој и како ги финансира кампањите, а не се објавуваат ниту изворите на донации.

Поврзани новости