Мицкоски: Воопшто не ми е гајле што Пендаровски не ги разбира нашите аргументи

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за тоа што претседателот Пендаровски вели дека не ги разбира аргументите на ВМРО-ДПМНЕ зошто се против уставните измени, рече дека тоа е негов личен проблем и „воопшто не му е гајле“.

-Ние го разбираме претседателот Пендаровски, затоа што претседателот Пендаровски во моментот, коленичи за да добие втор мандат и да биде поддржан од СДС и ДУИ и мисли дека на тој начин ќе биде повторно избран, што мислам дека му е погрешна проценка и само го губи својот образ и човечко достоинство, но, тој нека продолжи да коленичи, нас ни е важно дека сме разбрани кај повеќе од 80 проценти од граѓаните во Македонија, а дали Стево Пендаровски не разбира, тоа е негов личен проблем и можам да ви кажам дека и воопшто не ми е гајле дали Стево Пендаровски не разбира или не, рече Мицкоски.

Тој додаде дека сега е доцна за конзензус за уставните измени, а единствен консензус што може да се постигне е за предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости