Митко ,,Кожувчанка’’ од ДПМНЕ слави во Кавадарци: Го поканувам Бетиан заедно да го испиеме првото градоначалничко кафе!

by Fokus

Митко Јанчев од ВМРО ДПМНЕ веќе започна да ја слави победата во Кавадарци. Тој води со околу 1.200 гласа пред неговиот противкандидат Бетиан Китев од СДСМ, а досега биле преброени над 90 проценти од гласовите.

,,Фокус’’ телефонски разговараше со Јанчев, познат во земјава како Митко ,,Кожувчанка’’ според неговата компанија.

,,Веќе започнуваме да славиме победа, имам водство со околу 1.200 до 1.300 гласа, од преброени 90 проценти. Радосен сум, а на мојот противкандидат Бетиан Китев би му порачал јавно, на првиот ден штом ќе влезам во градоначалничкиот кабинет, да дојде и заедно да го испиеме првото кафе. Сакам да соработуваме, да ги усогласиме програмите, и да работиме за доброто на градот’’ – порача Јанчев.

Тој е еден од ретките од ВМРО ДПМНЕ кој веќе прогласи победа. СДСМ води во повеќето општини. Според пратеничката Туфегчиќ, според првичните резултати кандидатите на СДСМ и коалицијата имаат извесна победа во Бутел, Градско, Карбинци, Кисела Вода, Македонски Брод, Могила, Новаци, Старо Ногоричани, Чашка и Штип.

Вики Клинчарова

Поврзани новости