Граѓаните што гласаа за ЗНАМ, практично, гласаа против своите, вели Ковачевски

by fokus

Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ имаат респектабилен резултат и тоа се традиционални гласови на СДСМ, вели лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

На прашањето – дали СДСМ згреши во начинот на кој се постави кон Максим Димитриевски, Ковачевски топката ја префрла на претходното раководство.

-Тоа е прашање за некој друг, бидејќи неговиот конфликт доаѓа пред јас да станам претседател на СДСМ.

На прашањето, пак, зошто кога дошол тој за лидер не се обидел да го реши, Ковачевски вели:

-Максим Димитиревски имаше формирано свое движење. Ние сме од ист град, пријатели сме, се знаат нашите родители, па и дедовци. Членови на таа партија се наши поранешни членови, дури има и роднини од кои едниот е во СДСМ, а другиот во ЗНАМ. Меѓутоа, тоа се гласови на незадоволни од политиките на СДСМ, пред сè внатрешно, веројатно дел од кадровската политика, дел од однесувањето на некои наши другари визави тие кои го искажааа својот револт и гласаа за ЗНАМ. Практично, тие гласаа против своите“, вели Ковачевски.

Поврзани новости