Касами: Нашата програма ќе биде дел од владината, а во неа се уставните измени

by fokus

Билал Касами од БЕСА вели дека нивната програма ќе биде дел од владината програма, а во неа се уставните измени.

Тој рече дека основен услов се спроведување на уставните измени.

„Ние сега не разбираме што тоа значи. Ако некои други, во овој случај ДУИ, праќаат емисари до Мицкоски за да безусловно влезат во идната влада, како што влегоа и во досегашните влади, за нас тоа е непоимливо. Во делот на таа програма има и уставни измени, интегрирање во ЕУ и сè што е во делот на подобрување на животот на нашите граѓани и унапредување на државата во процесот на евроинтегрирањето“, изјави Касами.

Изет Меџити, претседател на партијата Демократско движење, која е дел од коалицијата „Вреди“ на опозициските партии на Албанците, изјави дека по изборите на 8 мај не сакаат да бидат дел од некоја влада која нема да биде европски настроена.

Поврзани новости