Бочварски: Се истурија гласови во вториот круг, штипјани ја почувствуваа слободата

by fokus

Кандидатот на СДСМ во Штип, Благој Бочварски, прогласи победа со околу 1.700 гласови разлика повеќе од неговиот противкандидат на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник на оваа општина, Илчо Захариев.

Според Бочварски поддршката растепа по првиот круг кога разликата меѓу двајцата кандидати беше само 36 гласа. Во последните две недели, рече новиот градоначалник, граѓаните на Штип ја почувствувале слободата.

-Се чувствуваше кај граѓаните дека бараат промени. Веднаш по првиот круг грѓаните почувствуваа слобода. Успеаја да се одлободат од се она што беше режим во овој град и слободна излегоа да го дадат својот глас за промени и подобар живот. Се истурија гласовите во вториот круг на овие избори во Штип – рече тој.

По заземање на функцијата тој најави дека ќе се зафати со капитални проекти како гасификација, изградба на аква парк и изградба на брана.

 

Поврзани новости