Приведени вкупно седум лица за кривични дела против изборите и гласањето

by fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прес конференција по завршување на вториот круг од локалните избори изјави дека во текот на гласањето биле приведени вкупно седум лица за основани сомневања за сторени кривични дела против изборите.

Пет лица се приведени затоа што го фотографирале гласачкото ливче. Три од овие случаи се во Скопје, еден во Пробиштип и еден во Македонска Каменица.

Две лица се приведени во Бит пазар поради сомневања за поткуп на гласачи. Едно лице е приведено во Шуто Оризари поради физички напад врз граѓанин.

Поврзани новости