Миовски со глава го матираше и Глазгов Ренџерс за победа на неговиот Абердин од 2:0

by Fokus

Шкотскиот прволигаш Абердин, тимот за кој сезонава со голем успех настапува македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски реди победи. Денеска на домашен терен беа подобри и од Глазгов Ренџерс со 2:0.

Миовски со удар со глава беше стрелец на вториот гол за Абердин. Се играше 56 минута кога по центаршутот на Кларсон, македонскиот напаѓач се најде во вистинско време на вистинско место и со глава го матираше МекГрегор.

Миовски сезонава постигна 16 гола за својот тим.

За Абердин ова беше седма победа во низа со што стасаа до 53 бода е сега се на третата позиција на табелата.

Поврзани новости