Министерството за здравство уверува: Нема повеќе опасност од ширење на вирусот хантан

by fokus

Теренот околу гостиварското село, куќите и бачилото се дезинфицирани и дератизирани, изворот на заразата е прекинат, информираа денеска од Министерството за здравство. Од таму уверуваат дека повеќе нема никаква опаност од ширење на вирусот кој ја предизвикува хеморагичната треска.

Хоспитализираните пациенти на Инфективната клиника се во добра здравствена состојба и ќе бидат пуштени дома. Анализите покажале дека не боледуваат од хеморагична треска.

Појавата на оваа зараза предизвика паника кај населението откако 47 годишен жител на селото Симница и неговиот 23 годишен син починаа во агонија минатата недела на Клиниката за инфективни болести.

„Болеста ја пренесуваат глувците а  може да се пренесе и преку вдишување на загаден воздун и урина од глодари. Македонија е ендемско подрачја за вакви болести и затоа треба да се интервенира во вакви ситуации. Првиот случај на починатиот бил навреме пријавен во Центарот за јавно здравје”, изјави Sвонко Миленковиќ од Инфективно.

Семејството Мифтари, кое доживеа трагедија, по смртта на таткото и синот, доби финасиска помош од општина Гостивар во износ од 180 илјади денари.

Поврзани новости