Министерството за цивилна заштита на Грција бара лица со познавање на македонски јазик

by fokus

Во оглас објавен во Службен весник, Министерството за цивилна заштита на Грција, бара лица со познавање на македонски јазик за вработување во грчката Националната агенција за разузнавање, што воедно е и првата официјална употреба на овој термин, по стапувањето во сила на Договорот од Преспа.

Секако, во огласот во делот во кој се наведени јазиците што треба да ги познаваат кандидатите, кај македонскиот јазик, во заграда стои „јужнословенски“.

Националната агенција за разузнавање на Грција, отвори оглас за пополнување на 302 работни места, а во одделот за преведување, толкување и сослушување, вработува 56 лица со познавање на: англиски, француски, германски, шпански, италијански, арапски, бугарски, еврејски, руски, турски и како што пишува во огласот „македонски (јужнословенски) јазик“.

Поврзани новости