Министерот Наќе Чулев денеска имаше средба со раководството на СВР Битола. На состанокот бил информиран со мерките и активностите кои се преземаат од страна на СВР Битола, а се поврзани со справувањето со пандемијата од корона вирусот.
Во таа насока од страна на секторот за внатрешни работи до сега се изречени вкупно 1904 прекршочни казни за неносење заштитна опрема и се поднесени 382 кривични пријави против 579 сторители по член 206 од кривичен законик, односно за непочитување на забраната за движење.
Министерот Чулев присуствуваше и на превентивна акција во чии рамки од страна на полициските службеници беа поделени заштитни маски на граѓаните на Битола. Во оваа прилика министерот уште еднаш апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита на своето здравје.