Милошоски тврди дека Џафери не го почитуваат како претседател, туку само како пратеник

by Fokus 11:44
11:44

Претеникот Антонио Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ прв побара збор на денешната седница за расправа за избор на нова влада, тврдејќи дека тие Талат Џафери не може да го почитуваат како претседател, туку само како пратеник.

– Веднаш почнувате да го кршите деловникот и Законот за јазиците. Собранието и пленарната седница не се работно тело и бараме тоа да се почитува. Ова Собрание за жал почнуваат со голема политичка недемократска дамка, која ќе виси над пратеникот Талат Џафери, кој на нелегален начин беше избран за претседател. Вас ќе ве почитуваме како пратеник, но ништо повеќе од тоа затоа што сами влеговте во игра и го прекршивте деловникот – истакна Милошоски.

- Advertisements -

 

 

Поврзани новости