Џафери ја отвори собраниската седница на албански јазик

by fokus

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денешната собраниска седница за избор на нова влада ја започна со обраќање прво на албански јазик, а потоа и на македонски, образложувајќи дека до донесувањето на законот за употреба на јазиците седниците ќе ги води на македонски јазик.

Реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, со забелешка дека, според законската легислатива, седниците треба да се водат на македонски јазик, се додека, како што рече, не се донесат законските измени договорени со СДСМ.

На почетокот на седницата Собранието ја констатираше оставката на пратеникот Никола Тодоров.

Поврзани новости