Џафери: Ако му се обраќате на пратеникот Талат, јас ќе ја користам својата деловничка можност да зборувам на својот јазик

by Fokus

Собранискиот спикер Талат Џафери му врати на Милошоски, дека доколку тие му се обраќаат како пратеник, тој ќе си ја користи деловничка можност да зборува на својот јазик.

– Јас сум претседател на Собранието избран од парламентарното мнозинство и треба да се договориме со кого ќе комуницирате. ВМРО-ДПМНЕ треба да расчисти дали се обратиле до пратеникот Џафери кога поднеле предлог за измени во изборниот законикц. Ако продолжите да му се обраќате на пратеникот Талат и се дури така се обраќате кон мене како пратеник, јас ќе ја користам својата деловничка можност да зборувам на својот јазик – додаде Џафери.

Поврзани новости