Меркел: Трамп е виновен за насилствата, сликите од Конгресот ме разлутија и растажија

by fokus

Виновник за упадот на демонстрантите во американскиот Конгрес е Доналд Трамп, кој не го призна поразот на претседателските избори, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

– Сите вчера го видовме вознемирувачкиот упад во американскиот Конгрес и тие слики ме разлутија и растажија. Жалам што претседателот Трамп не го призна поразот во ноември минатата години, ниту тоа го направи вчера, истакна Меркел на состанок со германските конзервативци.

Таа приврзаниците на Трамп, кои упаднаа во Конгресот ги нарече „напаѓачи“.

Четри лица загинаа, а 52 се упасени откако приврзаниците на Трамп вчера упаднаа во Конгресот за да ја спречат потврдата на победата на Џо Бајден. Конгресот денеска ја потврди победата на Бајден на претседателските избори.

Поврзани новости