Трамп: Мирно ќе ја предадам власта, но ова е само почеток на борбата

by fokus

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп вети мирно предавање на власта откако Конгресот потврди дека Џо Бајден е победник на претседателските избори во САД.

-Иако целосно не се согласувам со резултатите од изборите, а фактите ме поддржуваат, на 20 јануари ќе дојде до мирно предавање на власта, порача Трамп по што не пропушти да ги каже своите тврдења за изборна измама.

-Секогаш сум велел дека ќе ја продолжиме борбата за да се обезбеди пребројување само на легалните гласови. Иако ова претставува крај на најдобриот прв мандат во историјата на претседателството во САД, тоа е само почеток на нашата борба да ја направиме Америка голема, порача Трамп.

Поврзани новости