Меркел по втор пат негативна на корона вирусот, сепак останува во карантин

by fokus
Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по вторпат беше негативна на тестот за корона вирусот, но лекарите одлучиле таа и натаму да остане во карантин, најмалку до почетокот на следната недела.

-Германската канцеларка и натаму работи од домашниот карантин и најдоцна до почетокот на следната недела уште еднаш ќе се тестира на коронавирус, изјави портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.

Од владата соопштија дека Меркел своите обврски ги извршува од дома.

Во текот на утрешниот ден таа треба да учествува на две видеоконференциски средби: прво со претседателите на држави и влади на земјите од групата Г-20, а потоа и со лидерите на Европската унија.

Тема на двете средби ќе биде борбата против пандемијата од коорна вирусот.

Поврзани новости