Меланија Трамп: Имам лесни симптоми и се чувствувам добро

by fokus

Сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп, изјави дека се чувствува добро и се надева на брзо заздравување од коронавирусот.

„Ви благодарам за љубовта што ни ја испраќате. Имам лесни симптоми и се чувствувам добро. Се надевам на брзо закрепнување”, напиша првата дама на САД на Твитер.

Претходно денеска беше објавено дека претседателот на САД, Доналд Трамп и неговата сопруга се позитивни на коронавирусот.

Поврзани новости