Меѓу децата најмалку заболени од Ковид, ниту едно не завршило на респиратор

by Frosina Fakova

Во период кога во земјава има над 3.000 заразени со новиот вирус Ковид-19 податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека меѓу децата има најмалку заразени. Заклучно со вчерашниот ден кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, се пријавени 170 односно 172 случаи на заразени со новиот вирус. Во овие возрасни групи има најниска инциденца од 74,3 и 68,7 на 100.000 жители, односно во овие две возрасни групи има најмалку зразени. Најмногу погодени се лицата над 60 години, односно меѓу нив има најмногу заразени.

Децата кои се позитивни на Ковид-19 се згрижуваат во Институот за белодробни заболувања Козле или во Детската клиника. Оние кои биле хоспотализирани во Институтот за белодробни заболувања немале компликации и ниту едно дете не завршило на респиратор, иако 90 отсто од шест деца кои биле лекувани во Козле имале пневмонија.

-Пристапот за лекување зависи од затекнатата состојба во моментот, дали се работи за дете со мала, средна или тешка симптоматологија. При висока фебрилност која е во 90% застапена кај деца со позитивен Ковид 19 задолжително се ординира антипиретик кој при ваков процес е протокол на постапување, при изработка на ЦРП кое е секогаш над нормалата се пристапува кон дистрибуција венска на антибиотска терапија. Доколку имаме изразен прокалцитонински тест ординираме и двојна антибиотска терапија зависи од возраста на пациентот и состојбата дали е орална или венска. Давањето на кортико препарати е строго контраиндицирано. Кислородна поддршка се дава доколку сатурацијата е ниска и тогаш може третирање на кислород со помош на маска или цпап или бпап оксигенатор, објаснуваат од Инстутот за „Фокус“.

Според официјалните податоци од Министерството за здравството досега е регистриран само еден смртен случај во оваа возрасна група, десетмесечното бебе кое беше позитивно Ковид на Детската клиника во Скопје. Поради компликации беше транспортирано во Швајцарија, каде почина, но официјално не е потврдено дали бебето починало како директна последица на корона вирусот.

Ф.Ф.С.

 

Поврзани новости