Маж на 43-годишна возраст е четврта жртва од корона вирусот во Албанија

by fokus

Во Албанија се зголемува бројот на починати лица од Ковид-19. Утрово регистрирана е четвртата жртва, маж на 43-годишна возраст, кој бил хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана.

„По влошување на сосотојбата во текот на ноќта, 43-годишниот пациент од Каваја беше ставен на респираторна машина. И покрај напорите на лекарите,тој почина утрово. Пациентот не боледувал од друга болест, соопшти Министертвото за здравство.

Тој е четврта жртва од Ковид-19 во Албанија, но и најмладиот пациент кој досега го загуби животот.

Министерството за здравство изразува сочувство до семејството на починатиот и апелира уште еднаш до граѓаните строго да ги почитуваат препораките на надлежните и да се јават на 127 доколку имаат знаци на болест.

Според вчера, последно соопштените податоци, бројот на заразените со овој опасен вирус во Албанија е 89, од вкупно тестираните 804 лица.

Тројца од заразените се излекувани.

Првата жртва од коронавирусот во Албанија беше 73-годишна жена од Драч, која почина на 11 овој месец. На 18 март почина 66-годишен маж од Љушња,синоќа 71-годишен маж од градот Кучово и утрово 43-годшниот маж од Каваја

Поврзани новости