Македонци и Грци му помогнаа на српско семејство чие возило се запалило

by Фокус

Српско семејство на пат од грчкото приморје доживеало вистинска драма која лесно можела да премине во трагедија доколку не им помогнале други возачи кои ја забележале нивната неволја на автопатот.

-Респект за другарите на автопатот, Македонци и Грци се здружија за да ни помогнат да го изгаснат автомобилот кој се запали на враќање од море, напиша на Фејсбук страницата „Грчка инфо“ Кристина Марковиќ Радиќ.

Откако возилото на ова семејство од Србија е изгаснато, жената објави уште еден пост каде ја објасни ситуацијата во која се нашле.

– Сите сме добро. Скокнавме од автомобилот во движење заедно со децата. Пламенот се разгоре, да не ни скокнаа на помош, ќе експлодираше автомобилот. Професионалните возачи веднаш реагираа. Три големи боци беа потребни за да се изгаси. Не можам да ја опишам брзината и вештината на тие прекрасни луѓе, не им ги знам ниту имињата – додаде жената покрај фотографиите кои сведочат за настанот и возачката пожртвуваност да се помогне на некој кој е во неволја на патот.

Поврзани новости