Над половина милион евра од буџетот за одбележување празници

by Фокус

Над половина милион евра ќе бидат потрошени на одбележување на празници како што се 22 годишнина од Рамковниот договор, 2 Август – Денот на Републиката, Илинден, 8 Септември – Денот на независноста, 11 Октомври – Денот на народното востание и 8 Декември – Ден на Св. Климент Охридски.

И оваа година, како и претходната, околу 100 илјади евра ќе чини одбележувањето на 22-годишнината од Рамковниот договор. И годинава тендерите за оваа прослава ги доби „Арбериа дизајн“. Овие постапки ги спроведува Министерството за политички систем на чело со Артан Груби.

„Арбериа Дизајн“ повторно го доби тендерот за организација на годишнината од Рамковниот договор

Фирмата „Скопје Филм Студио“, пак, е задолжена да ги креира и реализира активностите кои ќе обезбедат креативна, продукциска, техничка и организациска поддршка за реализација на настани за одбележување“ на четири празници, за што ќе бидат искеширани околу 350.000 евра.

Истата фирма, „Скопје Филм Студио“ е ангажирана и за реализација на прослава за настан „Отворен Балкан“ за што се планирани да се потрошат 150.000 евра.

Поврзани новости