Македонија потпиша меморандум со САД за 5Гмрежата

by fokus

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач денеска потпишаа меморандум за разбирање за безбедност на 5G технологии.

-Со меморандумот Република Северна Македонија и САД ја потврдуваат својата желба да ја зајакнат соработката поврзана со 5Г технологијата која е во согласност со нашиот национален оперативен план што го усвоивме како наш стратешки документ за новата ера на дигитализација на земјата, рече Заев

Светот се освестува од опасностите и ризичните продавачи. Декларацијата за 5Г го потврдува ова и безбедните чисти мрежи ќе бидат од витално значење за економска стабилност на регонот. Од 27 земји членки на ЕУ, 25 се приклучени на оваа чиста мрежа, рече Крач.

Поврзани новости