637
Македонија е можно да набави вакцина против Ковид-19 преку земји членки на ЕУ, откако Европската Kомисија веќе нарача 400.000 милиони дози на вакцини против Ковид-19. Ова денеска го посочи министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
-Тоа е еден план кој важи само за земјите членки на ЕУ. Ние денеска добивме писмо од амбасадорот на Полска, дали сакаме да прекупиме вакцини од нив. Најдоцна до четврток ќе одговориме на писмото, рече министерот Филипче, кој истакна дека земјите членки на ЕУ имаат право да препродаваат дел од вакцините.