Македонец и Русин осудени во САД за компјутерски криминал

by Фокус

Русин и Македонец се осудени во САД на затворска казна за учество во голема операција со компјутерски криминал.

Станува збор за 33-годишниот Сергеј Медведев од Русија и 31-годишниот Марко Леопард од Македонија, кои се осудени на десет и пет години. И двајцата претходно се изјаснија за виновни за криминален заговор пред федералниот суд во Невада.

Медведев беше уапсен во Тајланд во 2018 година. Тој беше коосновач на „Организацијата за измама“, пазар за фалсификувани документи, украдени информации за банкарски и кредитни сметки и за лична идентификација“, соопштија властите.

Под слоганот „Во измама веруваме“, мрежата која имаше над 10.000 членови на својот врв, беше едно од најдобрите места за купување украдени информации, што доведе до штети од над 568 милиони долари.

Леопард се приклучил на мрежата во 2011 година и бил домаќин на веб-страници за членови на оваа злосторничка организација кои сакале да продаваат нелегална стока и услуги преку интернет, соопштија властите.

„Денешните казни треба да послужат како предупредување за секој веб-домаќин кој доброволно гледа на  разните начини за брзо заработување на пари, со порака дека  САД ќе ги повикаат на одговорност овие лоши актери, дури и кога работат зад компјутерскиот екран на одалеченост од половина свет“, рече помошникот јавен обвинител Николас МекКваид.

Поврзани новости