962
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, појаснува на кој начин граѓаните кои скенираат фискални сметки, а се добитници на некоја од наградите, можат да ги донираат средствата.
-Благодарам на Вашиот интерес и за сите коментари за надградената апликација на МОЈДДВ со можност за донација. Ве известувам дека опцијата за донација има три чекори: Првиот чекор е влез во опцијата за донација, вториот чекор е за донацијата, а во третиот чекор Ве прашуваме уште еднаш дали сте согласни да донирате, пишува Лукаревска.
Претходно беше споделена информација дека остварен износ за поврат на ДДВ за првите три месеци од 2020 година ( јануари, февруари и март) добитниците ќе можат да го донираат со што ќе учествувате во борбата против Коронавирусот COVID-19.