ЛЕ: Алашкерт ги скроти ,,лавовите” од Ѓорче Петров

by Фокус

Македонскиот фудбалски претставник во Лига Европа, Македонија Ѓорче Петров загуби со 3-1 на првиот натпревар од првото квалификациско коло на гостувањето кај ерменскиот тим Алашкерт.

Алашкерт успеа преку Танков да дојде до предност од 1-0 во 16-тата минута со удар 23 метри.

Македонија ЃП изедначи преку Јашаровски во 52-тата минута.

Домашниот тим по втор пат на мечот поведе во 66-тата минута со голот на Секулиќ.

Конечните 3-1 ги постави фудбалерот на Македонија ЃП Фернандињо, кој во 82-тата минута си ја затресе сопствента мрежа.

Реваншот помеѓу овие две екипи е за точно седум дена во Скопје.

Поврзани новости