Чадиковски: Секој зборува слободно, но постои мал коруптивен медиумски пазар

by Фокус

За разлика од порано, во моментов имаме одредено ниво на слобода на говор каде секој зборува слободно, но сепак независноста на медиумите се уште се наоѓа под знак прашалник поради фактот дека имаме мал коруптивен медиумски пазар, истакна претседателот на Здружението на новинари Младен Чадиковски, за време на обраќањето на панелот за Западен Балкан, со кој беше отворена Глобалната конференција за медиумска слобода во Лондон.

Според него, главен проблем со кој се соочуваат новинарите во државата и кој ја попречува слободата на изразувањето е неказнивоста на случаите на напади врз новинарите.

-Тоа е проблем кој се провлекува веќе подолго време и се плашиме дека може само да поттикне понатамошни напади врз нашите колеги – рече Чадиковски, потсетувајќи на неодманешниот напад врз новинарската екипа на ТВ21 во Арачиново, за кој обвинителството не успеа да најде причина за да покрене истрага.

Тој додаде дека дел од најважните процеси, како што се изборот на членовите на новиот Совет на медиумскиот регулатор и Програмскиот совет на јавниот радиодифузен сервис, се уште се заглавени во парламентот.

Поврзани новости