Лагард: Криптовалутите не вредат ништо

by Fokus 12:00
12:00

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо.

-Мојата многу скромна проценка е дека не вреди ништо, изјави Лагард за криптовалутите во интервју за холандската емисија „College Tour“, што се емитуваше во неделата, пренесува CNBC.

Лагард ги повика глобалните креатори на политики да воведат правила за заштита на неискусните инвеститори кои инвестираат во дигитални средства. Криптовалутите, особено биткоинот, изгубија повеќе од половина од својата рекордна вредност во ноември 2021 година оваа година.

-Тоа не се заснова на ништо. Нема основни средства што би дејствувале како сидро на безбедноста.Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека на крајот ќе бидат наградени, кои не ги разбираат ризиците, кои сето тоа ќе го изгубат и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што верувам дека треба да се регулира, рече Лагард.

Скептицизмот на поранешната шефица на Меѓународниот монетарен фонд кон криптовалутите не е нов. Таа претходно изрази загриженост поради влијанието на дигиталните валути врз животната средина, како и нивната потенцијална употреба во перење пари и избегнување санкции, пренесува Бонитет.

Нејзините најнови коментари доаѓаат во време на засилено истражување на пазарот на крипто, бидејќи регулаторите реагираат на последиците од колапсот на terraUSD, контроверзниот таканаречен stabilcoin кој секогаш требаше да вреди 1 долар, пишува CNBC.

Неколку централни банки работат на сопствени виртуелни алтернативи за готовина како одговор на брзиот раст на дигиталните валути – ЕЦБ е една од нив. Дигиталното евро би било „многу различно“ од приватните криптовалути, рече Лагард.

Поврзани новости