Ќучук: Договорот од Преспа става точка, а Договорот за добрососедство отвора процес

by Фокус

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија, Илхан Ќучук, изјави дека треба да се искористи Договорот за добрососедство за да се најде начин земјава да ги почне преговорите со ЕУ. Според него, поддршката од германското претседателство нема да се повтори од следниот претседавач Португалија.

-Многу пати Договорот од Преспа се споредува со договорот меѓу Бугарија и Северна Македонија од 2017 година. Тие се многу различни. Решаваат многу различен вид проблеми. Додека Договорот со Грција става крај, става точка на еден процес кој бил во минатото. И тој во голем степен ги решава билатералните прашања. Договорот со Бугарија од 2017 година, пак, претставува почеток на нешто, а тоа е дека имаме заедничка историја и тоа е клучниот збор овде – рече тој во емисијата Еврофокус на Телма.

Поврзани новости