Според денешните резулати објавени од Институтот за јавно здравје, во општина Крива Паланка се регистрирани два нови слуачи на лица заразени со Ковид-19, а има и едно заразено лице во Кратово.
Со тоа, бројката на активни случаи во Крива Паланка се искачи на седум, од кои последните четири случаи се регистрирани во изминатите 72 часа.
Денешните два новодијагностицирани случаи се возрасна жена која според епидемиолошките анкети била на Скопските клиники и најверојатно таму се заразила, додека другото лице е младо момче на 26-годишна возраст, кој без какви било симптоми направил тест за Ковид-19 поради претстојно патување во странство.
Инаку, претходните два случаи беа лица вработени во рудникот кај Крива Паланка, „Тораница-Булмак“.
Во Кратово засега, со денешниот случај има само два активни случаи со Ковид-19.
Општина Крива Паланка и Кризниот штаб изминатата недела превземаа дополнителни мерки за заштита од Ковид-19, со низа мерки и заклучоци, меѓу кои: носење заштитни маски и заштитни ракавици и на отворен и во затворен простор, при посета на деловни субјекти, државни или локални институции, препорака за набавка на апарати за мерење температура на влезот на објектите кои вработуваат повеќе од пет лица, почитување на протоколите за одржување јавни настани, со препорака и забрана за одржување собири со повеќе од 30 лица, без оглед дали е јавен настан, слава, верски празник или домашни веселби, редовна дезинфекција на улиците и јавните површини, детски и гралишта од страна на ЈП Комуналец и ТППЕ, Крива Паланка. МИА