Кривични пријави за девет граѓани кои не ги почитувале мерките за заштита од Ковид-19

by fokus

Петмина битолчани и четворица прилепчани добија кривични пријави за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Од СВР-Битола информираат дека поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, кое согласно закон е казниво, поднесени се кривични пријави против пет лица, и тоа Р.Р., П.Р, Е.Р, Б.Р, С.Р, сите од Битола, додека Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривични пријави против четири лица, и тоа Т.Т(38), С.Т(68),Т.А(55) и А.Б(44), сите од Прилеп.

Пријавените за време на пандемија пристигнале во државата од ризични држави, при што при влез во државата од страна на Државен санитарен и здравствен инспекторат им биле издадени писмени Решенија за домашна изолација, кои тие не ги почитувале.

Поврзани новости