Кривична за 10 кумановци кои биле затекнати во еден стан, ги пријавиле соседите за вознемирување

by fokus

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 10 лица за непостапување според здравствени прописи за време на пандемија.

Како што информираат од МВР, утринава во 1:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека во зграда лоцирана во центарот на градот имало поголема група граѓани кои ги вознемирувале станарите.

„Од страна на полициските службеници е влезено во станот во кој биле затекнати 10 лица и било утврдено дека се работи за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на пандемија. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.

Поврзани новости