Во следните две недели ќе стигне “Ивермектин”, лек против Ковид-19

by fokus

„Ивермектин“ ги помина сите фази во Министерството за здравство и во МАЛМЕД и тој лекот ќе се издава на рецепт од страна на матичните лекари и во болнички услови, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој најави дека лекот ќе пристигне во нашата земја во следните две недели.

-Студиите покажаа дека „Ивермектинот“ се дава на три групи граѓани и тоа, кај ризичните групи на работници, коишто имаат висок ризик да заболат, потоа на луѓе, кои биле во контакт со заболен и на заболени пациенти. И кај трите групи има различни индикации, различно дозирање и затоа е потребно давањето на лекот да биде под контрола на лекар. Јас верувам дека во следните две недели ќе биде достапен во нашата земја, изјави Филипче.

Поврзани новости