Според последните податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени 3.322.926 лица. Од нив починале 234.408, а оздравеле 1.050.430 луѓе.
Шпанија – Уште 281 лице починаа што е скок во однос на претходниот ден кога бројот на смртните случаи беше 268. Во Шпанија починаа вкупно 24.824 луѓе заразени со Ковид-19. Бројот на заразени лица во последните 24 часа е зголемен за 1.781, така што во Шпанија, земја со најголем број заразени во Европа, вкупниот број е 215.226 лица.
– Централната кинеска провинција Хубеи, ќе ги ублажи мерките што ги презеде за да се спречи ширење на пандемијата. Од највисоко ниво, мерките ќе се префрлат на второ ниво, објавија локалните власти. Првите случаи на инфекција беа регистрирани во главниот град на провинцијата, Вухан, на крајот на 2019 година.
– Во Австрија продолжува трендот на намалување на бројот на новозаразени лица, со постојано зголемување на бројот на оздравени. Според Министерството за здравство, од избувнувањето на епидемијата во Австрија на крајот на февруари, до денеска се заразиле 15.458 лица. Во последните 24 часа се регистрирани 74 нови инфекции. Во исто време, бројот на заболени лица се искачи на 13.110, за 203 повеќе од вчера.