Ковачевски за Фокус: Ќе се кандидирам за лидер на СДСМ

Во рокот од 7 дена, ќе ја подготвам мојата програма и ќе поднесам кандидатура, најави тој.

by Фокус

Откако СДСМ вчера ја утврди оставката на лидерот Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање, прв кој најавува кандидатура за партиски лидер е Димитар Ковачевски, актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на социјалдемократите.

-Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател – вели Ковачевски во изјава за Фокус.

Уште пред две недели, објавивме дека фаворит и за лидерската позиција во СДСМ и воедно за премиерската функција е токму Ковачевски, доктор на економски науки и вонреден професор на Американ Колеџ, кој во својата кариера бил на директорски позиции во Телеком и Оне Вип Македонија.

Димитар Ковачевски – фаворит за нов премиер и лидер на СДСМ

Воедно, пишувавме дека Ковачевски студирал на Економскиот факултет при УКИМ заедно со Заев. Што се однесува до неговиот партиски стаж во СДСМ, тој беше дел од партиското раководство и во времето кога партиски лидер беше Бранко Црвенковски.

Кој е Димитар Ковачевски, најсериозниот кандидат за наследник на Заев?

Откако заедно се појавија на средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, на вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ Заев отворено го промовирал Ковачевски за негов наследник во партијата, а со тоа и за нов мандатар.

Заев отворено го поддржал Ковачевски

Влатко Стојановски

Поврзани новости