Кејт Мидлтон доби признание од кралот Чарлс, таа е прва во кралското семејство што доби ваква чест

by Fokus

Принцезата од Велс – Кејт Мидлтон беше почестена од кралот Чарлс и стана член на Орденот на придружниците на честа за нејзината долга служба на кралското семејство.

Кејт (42) стана кралски член на организацијата, која беше основана од кралот Џорџ V во 1917 година за да ги препознае извонредните луѓе во областите како што се уметноста, науката, медицината и јавните служби.

Таа е првата членка на британското кралско семејство која станала членка на оваа организација.

Изворите велат дека признанието е симбол на „големата почит“ што кралот ја има кон неговата снаа, принцезата Кејт.

Покрај тоа што е лична благодарност за нејзината лојална услуга на круната откако се омажи за принцот Вилијам пред речиси 13 години, тоа е и признание за нејзиниот придонес во уметноста.

Кејт е покровител на Кралското фотографско друштво и Националната галерија на портрети.

Назначувањето не е директно подарок од кралот, туку е доделено од кабинетот на организацијата, по негова препорака.

Поврзани новости