(ВИДЕО) Арсенал го разби Челзи – 5:0

by Fokus

Во градското дерби на Лондон, против тимот во кој во последните две и пол години се вложени повеќе од милијарда евра за засилувања, Арсенал го декласираше Челзи со 5:0 (1:0).

Дека вечерва се лоши „сините“ најави Тросар, кој во 4. минута го постигна водечкиот гол за „топчиите“ од лево крило.

Челзи некако издржа до паузата, без удар кон голот на ривалот, а потоа почна потопот. Впрочем, два гола постигна ривалски дефанзивец…

Бен Вајт го постигна првиот од тие два гола во 52. минута, по краток удар од корнер.

Потоа на сцената стапува Каи Хаверц.

Хаверц го постигна својот прв гол против Челзи во одличен контранапад, само пет минути по голот на Вајт, а вториот гол по додавањето на Сака од десната страна, а потоа шутираше во блискиот, десен агол од голот на „сините“.

Пет минути подоцна, во 70. Вајт ја искористи втората асистенција на Мартин Одегард на овој меч и ги постави конечните 5:0.

По оваа победа водечкиот Арсенал има 77 бода, но и меч повеќе од второпласираниот Ливерпул (74 бода), и два меча повеќе од Манчестер Сити, кој поради тоа што собра 73 бода може да се врати до врвот на табелата доколку ги оствари тие две победи.

Поврзани новости