746
Македонската репрезентација тргна за Порто каде што во вторник со почеток од 20.45 часот ќе игра против Португалија за пласман на Светското првенство во Катар 2022.
Репрезентацијата на патувањето беа испратени од премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерот Артан Груби, кои им посакаа среќа на избраниците на селекторот Благоја Милевски.
Премиерот Ковачевски им вети премија од 500.000 илјади евра доколку триумфираат над Португалија и на тој начин се пласираат на Мундијалот.