Корона вирусот во Кавадарци не стивнува, нови заболени денес

by fokus

Речиси да нема ден без нови случаи на корона вирус во Кавадарци. Денес од Центар за јавно здравје Кавадарци информираат за четири нови позитивни пациенти, сите со симптоми.

-Станува збор за три жени и еден маж, на возраст од 46 до 60 години. Двајца од новорегистрираните случаи веќе имале контакт со позитивно лице, останатите не знаат како се инфицирале. Сите пројавиле симптоми, се работи на утврдување на нивните контакти – изјавија од центарот.

Во градот досега се инфицираа 211 лица, а 35 случаи се активни.

Вики Клинчарова

Поврзани новости