Според статистиката од институтот за јавно здравје, во текот на вчерашниот ден регистрирани се 22 ново заболени, од изведени 145 тестирања, и 64 оздравени лица.

Со тоа, вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1664, бројката на оздравени пациенти е 1200, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 373 лица – соопштија од Министерството за здравство.