Колона од шлепери заглавени на граничниот премин “Ѓуешево”

by fokus

Превозници од повеќе држави, возачи на шлепери, повеќе од пет часа стојат заглавени во колона пред граничниот премин „Ѓуешево”, кај границата помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.

Како што изјавуваат превозниците, во повеќеметарската колона од бугарската страна на границата се наоѓаат превозници од повеќе држави, С.Македонија, Турција, Романија, Србија, а застојот се прави поради неисчистениот терминал на Деве Баир, на нашиот граничен премин.

Апелираат надлежните конечно да се вклучат во решавање на проблемот бидејќи, како што посочуваат, се ограничени со работни часови коишто можат да ги поминат возејќи.

Патничките моторни возила што минуваат на терминалот од С.Македонија кон Бугарија се движат непречено.

Поврзани новости