Коалиција за промени и правда: Осомничени фунцкионери не смеат да одат на избори

by fokus

Коалицијата за промени и правда денеска ги повика полиичите партии, на претстојните избори да не кандидираат обвинети и осомничени лица за кои се води истражна или предистражна постапка пред надлежните судови.

Од Коалицијата порачаа дека крајно неодговорно е носители на високи државни функции кои со одлука на Ѓорге Иванов беа по неколкупати аболицирани, сега да бидат носители или дел од кандидатите на листите за пратеници.

Велат дека го уважуваат начелото на презумпција на невиност, но сепак сметаат дека на ваквите лица не треба да им се дава можност да се здобијат со пратенички имунитет со што би се оневозможила или би се успорила постапката која се води против нив.

Поврзани новости