Над 300 набљудувачи на ОБСЕ ќе ги следат изборите

by fokus

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР денеска официјално ќе го почне набљудувањето за предвремените парламентарни избори во Македонија закажани за 11 декември.

За таа цел ангажиран е тим од 14 експерти, 20 долгорочни набљудувачи и 300 набљудувачи на краток рок од земјите членки на ОБСЕ.

Шефицата на мисијата, Тана де Зулуета денеска информираше дека биле остварени средби на делегации во македонското Министерство за надворешни работи и Државната изборна комисија.

Следната недела низ земјава експертите и долгорочните набљудувачи ќе бидат распространети на локално ниво, а веднаш по пристигнувањето на краткорочните 300 набљудувачи, неколку дена пред изборите, и тие ќе ги заземат своите места ширум Македонија.

Од ОБСЕ најавија дека освен со државните органи и локалната самоуправа, во следниот период експертите ќе се среќаваат со кандидатите од политичките партии, со претставници на невладините организации и на медиумите.

Поврзани новости