530
Министерството за труд и социјална политика се огласи со реакција по денешното интервју на заменик министерот Диме Спасов, кој шест дена по сообраќајниот инцидент се појави во јавност тврдејќи дека е жртва на криминално-полициска местенка.
-Јавноста и граѓаните на Република Македонија очекуваа одговорност за постапките на неодговорните функционери како Диме Спасов, а не наместени интервјуа за пласирање дополнителни лаги и манипулации. Исто така, Спасов не даде одговор на клучните прашања:
- Зошто неовластено управувал возила на АВРМ за приватни цели и покрај задолжените возила на МТСП?
- Зошто поттикна друго лице лажно да презеде одговорност за инцидентите?
- Зошто и тој и директорот на Агенцијата за вработување се повикуваат на непостоечки документ – договор за некаква техничка соработка
Од Министерството велат дека Спасов не е достоен да ја извршува функцијата дополнителен министер за труд и социјалана политика и уште еднаш го повикаа да си поднесе оставка.