Кирацовски: ВМРО и ДУИ сами ги составиле тимовите за внесување на податоците од теренската проверка на спорните гласачи

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сами составиле тимови кои треба да ги внесат податоците од теренската проверка на Избирачкиот список, во специјална електронска евиденција за потребите на Државната изборна комисија, обвини дополнителниот министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски. Според него, министерката Марта Арсовска Томовска и државниот секретар Јахи Јахија, на своја рака и, како што вели, без да ја запазат процедурата на врзан потпис, испратиле лица вработени во министерството, кои тие самите ги избрале, да го вршат внесувањето на податоците.

Заменикот-министер оценува дека тое е спротивно на Договорот од Пржино и на Законот за владата.

– Спорно е и тоа што ДИК официјално изразува потреба од само 36 лица за 8 општини, а испратени се над 100 лица во скоро сите општински изборни комисии. Јас како имам обврска да ги детектирам и контролирам сите правни, финансиски и кадровски прашања поврзани со организација на изборите, преку кои власта претходно корумпирала избори и таа мисија доследно ќе ја исполнам. Ќе го спречам секој обид за можни неправилности поврзани со кадровски прашања, тесно поврзани со изборите, па затоа барам повлекување на тимовите – рече Кирацовски.

Поврзани новости